Се обновуваат пешачките патеки на улицата Даме Груев

ЈП „Улици и патишта“ започна со реконструкцијата на пешачките патеки на улицата Даме Груев, на потегот од улица Македонија кон улицата 11 Октомври, поточно на делот од улицата што минува позади Собрание. Во првата фаза ќе се обноват патеки со вкупна површина од 720 квадратни метри.
Екипите ја подготвуваат површината на пешачката патека за асфалтирање и тие досега извршија ископ, отстранување на оштетените рабници и поставување на нови, дел од површината е покриена со тампон слој и моментално работат и на нивелирање на шахтите и сливниците – информираат од претпријатието.
Оттаму додаваат дека откако ќе завршат подготвителните работи за асфалт, во текот на наредните денови ќе се асфалтираат пешачките патеки, а потоа ќе продолжат и со реконтрукција на коловозната површина на улицата.