Се намалува наградниот фонд за „Мој ДДВ, МојаНаграда”, средствата ќе одат во Фондот за справување со Ковид-19

Фото: МИА
Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на наградниот фонд на наградната игра „Мој ДДВ, МојаНаграда” и за уплата на средствата во Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.
Со заклучок на Владата му се препорачува на Акционерското друштво за приредување игри на среќа „Државна лотарија на Република Северна Македонија” средствата во износ од 4.383.410,00 денари да ги уплати на донаторската сметка отворена во рамки на Генерален секретаријат на
Владата наменета за донации од правни и физички лица за справување  со КОВИД-19 епидемијата.
Владата ги задолжи Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Државна лотарија  да склучат анекс на договорот за заедничко организирање на наградната игра „Мој ДДВ #МојаНаграда” и ја задолжи Државна лотарија да ги измени Правилата за приредување на наградната игра  „Мој ДДВ #МојаНаграда” и да направи техничко прилагодување за реализација на одлуката, соопшти владината прес-служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот