Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Се измори, пејте заедно…“: Македонската естрада се збогува со Панчо од „ДНК“

Македонската музичка сцена е во шок откако одекна веста за смртта на нивниот колега и пријател Владимир Блажев – Панчо од групата „ДНК“.

Седум месеци по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загина пејачот Андреј Ѓоргиески, по долга и тешка битка од здобиените повреди, почина и Панчо, вториот член на дуото.

Неговите пријатели, колеги и обожаватели се простуваат од него со емотивни пораки на социјалните мрежи.

Водителката и инфлуенсерка Миа Костова се прости од својот долгогодишен пријател, објавувајќи две заеднички фотографии.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Џуџе мое, многу ќе ми фалиш“ и „Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, напиша таа покрај фотографиите.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Младата пејачка Антониа Гиговска објави две фотографии со музичарот и напиша: „Фала ти за секој совет, фала ти за поддршката што ми ја даваше секогаш во секое време, ќе ни фалиш на сите. Царство небесно.“

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Што и да сакам да кажам, малку е.. Не излегува од грлово… Почивај во мир голем човеку“, напиша пејачката Нина Јанева.

Се огласи и поранешниот кошаркар и добар пријател на музичарот, Перо Антиќ, кој покрај фотографијата со Панчо накратко напиша: „Џуџе мое. Многу ќе ми фалиш“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Со неверување и тага водителката Снеже Велков сподели приватна порака од музичарот во која тој ѝ го честитал роденденот и напиша: „Оф Боже, колку само боли поракава денес“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

И нашиот актер и шоумен Игор Џамбазов се огласи на социјалните мрежи и на својот Инстаграм ја сподели веста за смртта на Панчо која ја објави „Слободен печат“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Младата пејачка Мартија Станојковиќ се присети на порака од нејзиниот постар колега и покрај фотографијата на Панчо напиша: „Ми напиша порака и рече ‘Фала ти за настапот, чекаме твој да бидеме твои гости’“.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Пејачот Иван Јованов сподели инстаграм-стори и напиша: „Царство небесно брату. Владимир. Почивај во мир… “.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

На својот фејсбук-профил, пејачката Сузана Спасовска само кратко напиша: „Почивај во мир, Панчо“.

И пејачката Сара Мејс се прости од Панчо и му се заблагодари за сè што направиле со Андреј за македонската музика.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Аххх… Нека ти е светол патот Панчо. Фала за сé што направивте за македонската музика. Пејте им таму горе“.

Да потсетиме, Владимир Блажев беше дел од популарното дуо „ДНК“, кое го основа заедно со Андреј Ѓоргиески во 2001 година. Љубовта кон музиката ја открил уште како тинејџер, настапувајќи со групата „ОК Бенд“, додека неговиот иден колега Андреј бил член на групата „ТНТ“ и студент на Музичката академија. Нивниот прв заеднички сингл „Девојка за везден“ беше објавен истата година, а со вториот, „Благодарам однапред“, стекнаа огромна популарност и го најавија подемот на една нова музичка генерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот