Се гради најголемата зграда во светот – ќе биде висока еден километар
Мегапроектот Џеда Кула во Саудиска Арабија, кој по завршувањето ќе стане највисоката зграда во светот, официјално повторно е во полн ек и веќе го достигна 74-тиот кат, пишува Каматица. По години застој, работата напредува со рекордна брзина, а се очекува изградбата да биде завршена во 2028 година. Кулата висока над 1.000 метри, Џеда Кула, порано позната како Кралска Кула, се планира да достигне висина од повеќе од еден километар, соборувајќи го рекордот што моментално го држи Бурџ Калифа во Дубаи (828 м). Со ова, Саудиска Арабија ќе ја преземе титулата земја со највисока зграда во историјата.
Препорачано
Овој проект е клучен симбол на саудискиот развој како дел од стратегијата Визија 2030, со која кралството се стреми да ја диверзифицира економијата и да развие нови глобални урбани центри. Изградбата беше запрена со години поради внатрешни проблеми и пандемијата, но работите беа повторно активирани на почетокот на 2025 година. Според извештаите од теренот, структурата моментално е на ниво 74, а градилиштето повторно е меѓу најголемите во светот.
Глобалниот гигант KONE, кој испорачува напредни лифтови и софтвер за управување со протокот на луѓе, исто така учествува во проектот. Станува збор за системи специјално развиени за екстремни висини – технологии кои се применуваат во пракса за прв пат. Изградбата беше прекината во 2018 година поради апсење на инвеститори како дел од кампањата против корупцијата, а дополнително забави за време на пандемијата ковид-19. По неколку години неизвесност, проектот беше реактивиран, а нов инвестициски циклус обезбеди финансирање до крајот на работите.
Во оптимистичко сценарио, во 2028 година кулата Џеда би можела да стане не само највисоката, туку и технолошки најнапредната зграда некогаш изградена. Покрај деловниот и станбениот простор, кулата ќе има луксузен хотел, платформи за набљудување и специјални платформи за туристи.


