„Сè е различно, светот е поинаков “ – Како хомосекусалноста го промени животот на познатиот актер што сите го знаеме како Гандалф

Британскиот актер Сер Иан Меккелен, познат по улогата на волшебникот Гандалф од трилогијата „Господарот на прстените“, гостуваше во британската телевизиска емисија  „The Jonathan Ross Show“ каде откри како животот му се променил откако им признал на најблиските дека е хомосексуалец.

Иан Меккелен / Фото: EPA/SOEREN STACHE

Иако актерот јавно откри дека е хомосексуалец на свои четириесет години, тој посочува дека таа одлука неизмерно го применила неговиот животот.

„Сè е различно, светот е поинаков“, вели актерот.

Во својата младост, Меккелен стравувал од осудата на општеството и од реакциите на неговите родители и роднини. Долго време тој не можел да ја признае вистината пред другите, но исто така, не било лесно целосно да ја признае и пред самиот себе.

Фото: EPA/CHRISTOPHE KARABA

Благодарение на напредокот што го постигнува современиот свет во областа на легализација на истополово партнерство, актерот понатаму изјавува:

„Јас сум многу исполнет, и пред сè среќен, затоа што можам да бидам тоа што сум.  По одлуката повеќе да не се кријам, мојот однос со семејството, пријателите, странците, но и работата се подобрија. Поентата е дека мојата глума е, всушност, маскирање и во моментот кога добив впечаток дека конечно се открив, откако дека си признав самиот себеси дека сум геј, сè стана многу поинтересно “, откри актерот во епизодата на телевизиското шоу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот