Mермерите од Елгин, познати и како мермери на Партенон, се изложени во Британскиот музеј во Лондон/Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Се ближи денот кога скулптурите од Партенон ќе се вратат од Лондон во Атина

Италијанската новинска агенција Анса објави дека се интензивираат контактите со цел во Атина да се вратат скулптурите од Партенон кои се наоѓаат во Британскиот музеј.

„Целата меѓународна дискусија за враќањето на мермерите во Грција, повторно започна благодарение на Италија, особено Сицилија, која во 2022 година го отвори патот “, пишува Анса и додава:

„На иницијатива на тогашниот советник на сицилијанскиот регион за култура, Алберто Самона, пред три години беше одлучено дека „Фаган фрагмент“, кој се наоѓаше во музејот Салинас во Палермо, како дел од археолошка збирка на тогашниот британски конзул Роберт Фаган (сепак му припаѓаше на источниот фриз на Партенон), треба да се врати на своето место, во музејот на Акропол“.

Враќањето беше овозможено благодарение на директниот дијалог со министерката за култура, Лина Мендонис и соработката на директорот на музејот Акропол, Николаос Стамполидис, со тогашната директорка на музејот Салинас, Катерина Греко.

„Премиерот Киријакос Мицотакис им се заблагодари на Италија и на Сицилија за враќањето на фрагментот и по една година Светата столица, на иницијатива на папата Франциско, донираше уште три фрагменти од Партенон, кои се чуваа во музеите на Ватикан“, пишува Анса.

Во својата објава во која ги коментира последните случувања италијанската новинска агенција го користи цитатот на Алберто Самона кој подвлече:

„Се наближува денот кога скулптурите на Партенон конечно ќе се вратат во Атина. Можам да кажам, со одредена гордост, дека благодарение на нашето движење, меѓународната дебата за враќањето дома на скулптурите отстранети од делото на Федијас доби нов замав. Патот што мораме да го следиме, во свет полн со конфликти и поделби, е – токму – меѓународна соработка и партнерство во име на цивилизацијата, која секогаш носи порака за дијалог и мир“.

Mермерите од Елгин, познати и како мермери на Партенон, се изложени во Британскиот музеј во Лондон, Велика Британија. Мермерите се збирка на старогрчки скулптури од Партенон и други структури од Акропол во Атина. Тие беа отстранети од Отоманска Грција во Британија во раните години од 19 век, од страна на Томас Брус, 7-ми Гроф од Елгин, а сега се чуваат во Британскиот музеј. Грција би сакала да ги види мермерите вратени во Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот