СДСМ в недела на Централен ќе дискутира за промена на кадри

Централниот одбор на СДСМ в недела ќе одржи седница на која партијата ќе ги разгледува и можностите за промена на кадри во извршната власт по разрешувањето на сите 78 претседатели на општинските организации, изјави портпаролот Костадин Костадинов.

„СДСМ се заблагодарува на сите досегашни претседатели за нивниот досегашен ангажман на локално ниво, како претставници на најголемата владејачка партија. Оваа одлука води единствено кон поправање, коригирање на слабите резултати во општините каде добивме јасен сигнал од граѓаните, и се разбира кон продолжување на добрата работа во општините каде граѓаните се задоволни. Затоа, ги охрабруваме оние претседатели на општинските организации каде што беше забележана победа на изборите, повторно да се кандидираат на новиот конкурс што ќе биде објавен во текот на идната недела“, рече Костадинов.

Тој најави дека по седницата која ќе почне во 18 часот, за донесените одлуки јавноста навремено ќе биде информирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот