Панче Тошковски Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

СДСМ: Тошковски гордо позира до командирот што пукаше и беше суспендиран

Командирот на полициската станица во Ропотово кој пукаше со калшников и беше суспендиран и со кривична пријава, Тошковски го врати повторно да биде командир во Ропотово, велат од СДСМ.

„Прашањето е зошто? Денеска го гледаме командирот што пукаше како гордо позира токму со неговиот пулен, Панче Тошковски. Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој секој ден држеше прес конфереции се јави ли?

Зошто го нема да одржи некоја прес конференција, да го повика на одговорност Панче Тошковски? Или и тој како Мицкоски се прави на Тошо?“ прашаа од опозициската партија.

Панче Тошковски / Фото: принтскрин

Тошковски денеска присуствуваше на отворање на нова канцеларија за Управни работи на МВР во Ропотово, каде се пофали дека тоа е седма канцеларија по оние во Сарај, Липково, Јегуновце, Желино, Демир Капија и Брвеница.

Отворена нова канцеларија на Управните служби на МВР во Ропотово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот