СДСМ: Лажната загриженост и неодговорноста на Христијан Мицкоски немаат крај

Мицкоски прво нека ги научи протоколите за заштита од коронавирусот, а потоа нека глуми загриженост за економијата и за здравјето на граѓаните. Лицемерието, лажната загриженост и неодговорноста на Христијан Мицкоски немаат крај, реагираат од владејачката партија СДСМ, на видео обраќањето на Мицкоски каде изрази загриженост од како што рече „стравичниот пад на економијата”.

-Напладне Мицкоски е загрижен за состојбата со коронавирусот, а попладнево веќе можеби ќе оди во тератана или затворен дел од ресторан каде што ќе ги крши мерките кои имаат за цел заштита од ширење на вирусот, како што впрочем досега. Напладне Мицкоски наводно е загрижен за економската состојба, а неговата дополнителна министерка во Владата, Гордана Димитриеска Кочоска блокираше и се уште блокира проекти важни за економијата, меѓу кои и проектот за помош од 90 милиони евра од Светска банка. Кредит што меѓу другото е за помош на граѓаните како и здравствениот систем – или ова за него не е важно. Да не зборуваме за нарушување на угледот на Македонија пред меѓународните финансиски институции- велат во реакцијата од Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.

До вчера, потенцираат оттаму,  тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ ги критикуваа мерките и поддршката за компаниите и граѓаните, а сега бара тие да продолжат и во следните месеци. Да не се грижи тој за тоа, ние сме покажале дека умееме и без неговите предлози, најдобро да им помогнеме на компаниите и на граѓаните.

-Мицкоски е тотално загубен. Во време кога цел свет се бори со сериозна глобална економска криза, кога и посилни и поголеми економии се соочуваат со голем пад на економијата, голем пад на работните места, Мицкоски заклучува дека имало пад на извозот, а при тоа не нуди никакви решенија како што не понуди ниту за време на целата криза. Единствено што Мицкоски може да направи е конечно да ги научи протоколите за заштита од коронавирусот, да не оди по теретани и да не седи во затворени делови. Потоа може да си продолжи да глуми загриженост за економијата и за здравјето на граѓаните- стои во реакцијата од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот