Фото: РФМ

Саздовска, Ѓорѓиевска и Маџовска ја завршија репрезентативната кариера

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) им се заблагодарува на Јована Саздовска, Елена Ѓорѓиевска и Симона Маџовска. Во пресрет на натпреварот меѓу женските сениорски репрезентации на Македонија и Словенија во квалификациите за ЕП 2026, федерацијата им оддаде признание и искрена благодарност на трите ракометарки кои ставија крај на својата репрезентативна кариера.

Во знак на почит за нивниот придонес кон македонскиот ракомет, на пригодна церемонија им беа врачени врамените дресови од страна на претседателот на РФМ, Александар Стефанов, генералниот секретар Влатко Тасевски, како и легендата на македонскиот ракомет, Индира Кастратовиќ.

РФМ им изразува искрена благодарност за професионализмот, пожртвуваноста и посветеноста што ја покажаа во дресот со националниот грб. Нивниот пример ќе остане инспирација за идните генерации ракометарки.

Инаку во вториот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство, нашите најдобри ракометарки предводени од селекторот Кристијан Грчевски во Битола загубија од Словенија со 28:20.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот