Савевски повика 19 ракометарки за натпреварите против Норвешка

Најдобрите македонски ракометарки ќе тестираат двапати против Норвешка/фото: РФМ

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го објавува список на повикани ракометарки за собир во рамки на претстојната ЕХФ недела.

Нашите најдобри ракометарки ќе одиграат два пријателски натпревари против селекцијата на Норвешка.

Првиот меч е од затворен тип и ќе се одигра на 29 септември, а вториот е закажан за 1 октомври од 20.00 часот.

Воедно од Ракометната федерација на Македонија информираат дека вториот натпревар е од отворен тип и влезот за јавноста е слободен.

Савевски повика 19 ракометарки за дуелите против Норвежанките кои се актуелни европски и светски шампионки.

1.Јована Мицевска Ница, Франција
2.Марија Јовановска ЖРК Куманово
3.Матеа Чурлиновска ЖРК Куманово
4.Јована Саздовска Дунареа Браила, Романија
5.Емилијана Ризоска Ѓорче Петров ЖРК Скопје

6.Сара Ристевска ЦСКА Москва, Русија
7.Теодора Дукоска Ѓорче Петров ЖРК Скопје
8.Ивана Џатевска ЖРК Вардар
9.Сања Дабевска Локомотива, Хрватска
10.Александра Коловска ЖРК Металург

11.Леонида Гичевска Локомотива Загреб, Хрватска
12.Ангела Јанкуловска Ѓорче Петров ЖРК Скопје
13.Симона Стојковска Цвикау, Германија
14.Моника Јанеска Конјалти Беледие спор, Турција
15.Ивана Арсениевска ЖРК Металург

16.Бојана Коцева ЖРК Вардар
17.Марија Штериова Дунареа Браила, Романија
18.Ива Божиновска ЖРК Металург
19.Ива Младеновска ЖРК Металург

Видео на денот