Саудиска Арабија и Русија близу договор за нафтата

Илустративна фотографија / СП. архива

Поради ценовната „битка“ на овие два големи произведувачи на црно злато, засилено со намалената побарувачка поради пандемијата со корона вирусот, цената на нафтата изминатиот период падна на многу ниско ниво.

Извршниот директор на рускиот Фонд за директни инвестиции Кирил Димитриев изјави дела Русија и Саудиска Арабија се многу близу до постигнување на договор околу производството на нафта.

-Мислам дека целиот пазар разбра дека овој договор е многу важен и дека ќе донесе многу стабилност за скоро време, вели Димитриев, пренесува Ројтерс.

Поради ценовната „битка“ на овие два големи произведувачи на црно злато, засилено со намалената побарувачка поради пандемијата со корона вирусот, цената на нафтата падна на многу ниско ниво.

Судирот меѓу двете земји започна откако Саудиска Арабија го зголеми производството откако Русија претходно одби да го намали. Саудијците притоа со ниската цена сакаа да и наштетат на Русија, бидејќи руското производство на овој енергенс е поскапо.

Од друга страна, на Русите не им одговара високата цена, бидејќи во тој случај производството на нафта им е исплатливо и на САД кои нафта произведуваат од нафтени шкрилци, што пак претставува многу поскапа технологија.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот