Бурџ Калифа - Фото: Принтксрин/Јутјуб

Саудиска Арабија го гради највисокиот облакодер во светот, повисок и од Бурџ Калифа

Работата на највисокиот облакодер во светот, кулата Џеда во Саудиска Арабија, е повторно во полн ек откако изградбата продолжи во јануари 2025 година, со што заврши седумгодишна пауза. Кулата досега е изградена до 80-тиот кат, а до 2028 година се планира да стане првата зграда во светот висока еден километар.

Кулата Џеда ќе има вкупно 168 ката и ќе содржи станови, канцеларии, хотел, малопродажни простори и платформа за набљудување на висина од 652 метри. Со висина од над 3.280 стапки (повеќе од 1.000 метри), таа ќе го надмине Бурџ Калифа во Дубаи, кој, со 828 метри, е највисоката зграда во светот од 2010 година. Проектот првично беше најавен во 2011 година под името Кралска кула, а изградбата на темелите започна во 2013 година. Работата беше прекината во 2018 година поради финансиски и организациски проблеми, но продолжи откако беше потпишан нов договор вреден 7,2 милијарди саудиски ријали со Saudi Binladin Group.

Напредокот сега се забрзува, а се очекува 100-тиот кат да биде завршен на почетокот на 2026 година. Целосното завршување на работите е планирано за август 2028 година.

Кулата е дел од големиот проект „Џеда Економски Град“, кој има за цел да го претвори брегот на Црвеното Море во модерен деловен и туристички центар. Една од посебните атракции ќе биде небесната тераса на 157-миот кат, која ќе биде отворена за посетители и ќе се смета за највисока платформа за набљудување во светот. Зградата ќе има и 59 ултрабрзи лифтови, од кои некои ќе достигнуваат брзина од 10 метри во секунда, пишува Клис.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот