Сасуоло заработува повеќе од Јувентус, Интер, Милан во Серија А

Реномираниот „Газета дело Спорт“ откри колку пари заработуваат екипите во Серија А од спонзорите. Очекувано, помеѓу најдобрите шест екипи кои имаат „најтешки“ спонзорски договори се наоѓаат великаните како Јувентус, Милан, Рома, Интер и Наполи. Но, изненадувачки ниту една од тие екипи не е на првото место, таму се наоѓа тимот на Сасуоло.

Според „Газета дело Спорт“, главниот спонзор „Мапеи“ на Сасуоло му плаќа дури 18 милиони евра по сезона. Интересно е што Џорџо Сквинзи, сопственикот на Сасуоло е и сопственик на компанијата за продажба на градежни материјали „Мапеи“.

На второто место се наоѓа шампионот Јувентус кој од „Jeep“ добива само 17 милиони евра. Потоа следат Милан (Емирејтс, 14 милиони евра), Рома (Катар и Хјундаи, 14 милиони), Интер (Пирели, 10.5 милиони), Наполи (МСЦ, Лете, Кимбо, 9 милиони).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот