Фото: EPA/ETTORE GRIFFONI

Сасуоло со пресврт до победа над Удинезе во Серија А

Фудбалерите на Сасуоло денеска го победија составот на Удинезе со резултат 2:1 на гостински терен, во 25 коло од италијанскиот шампионат. Удинезе добро го отвори натпреварот и поведе во првото полувреме, но Сасуоло успеа да направи пресврт и да победи во вториот дел.

Домашниот тим поведе во 10 минута со голот на Умар Соле – 1:0. Немаше промена на резултатот до полувремето, а потоа Сасуоло одговори на почетокот од вторите 45 минути.

Гостите направија пресврт за помалку од две минути. Прво, Арманд Лауриенте постигна гол за 1:1 по асистенција од Андреа Пинамонти во 56 минута. Само две минути подоцна, Пинамонти направи пресврт за Сасуоло – 2:1.

Удинезе успеа да ја затресе мрежата на Сасуоло во 70 минута, но голот беше поништен по реакцијата на ВАР, бидејќи Николо Бертола играше со рака. Резултатот остана непроменет до крајот, а Сасуоло победи.

Екипата од Удине е на деветтото место во Серија А со 33 бода, додека Сасуоло е на 11 позиција, со три бода помалку. Во следното коло, Удинезе гостува кај Болоња, додека Сасуоло ја пречекува Верона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот