Либискиот претседател Моамер Гадафи и Никола Саркози на средба во Триполи, Либија, 25 јули 2007 година/ Фото: EPA-EFE/SABRI ELMHEDWI

Саркози под закана и зад решетки – затворениците сакаат „одмазда за Гадафи“

Поранешниот француски претседател Никола Саркози, кој моментално отслужува затворска казна, продолжува симболично да ја претставува својата земја – дури и од зад решетки.

Како што објави порталот „Атлантико“, неодамнешните закани од некои затвореници за „одмазда за Моамер Гадафи“ покажуваат колку е длабок јазот помеѓу француското општество и дел од мигрантското население.

Според анализата на француските новинари, случајот открива „отворен презир“ кон земјата што ги примила многу од овие луѓе и им овозможила да имаат нов живот.

„Постои јасна врска помеѓу фактот дека сторителот не ги признава законите на земјата што го посвоила и фактот дека тој покажува поголема лојалност кон либискиот диктатор Моамер Гадафи отколку кон поранешниот шеф на француската држава“, наведува „Атлантико“.

Авторите на текстот предупредуваат дека станува збор за поширок проблем – отфрлање на француските вредности и правила како наводна форма на потчинување, додека колонијалното минато се користи како постојан изговор за одбивање на интеграцијата и повикување на одмазда.

„Би било погрешно да се потценува значењето на она што се случува“, истакнуваат француските коментатори, заклучувајќи дека овој случај е само еден во низата индикатори за длабока криза на идентитетот и социјалната кохезија во современа Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот