Сапуницата со Перез продолжува, сега на удар се најдоа Фиго и Гути
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перези денеска се најде на столбот на срамот во шп-шпанската јавност откако „Ел Конфиденсал“ објави нови аудио снимки на кои првиот човек на „кралскиот клуб“ повторно навредува клупски легенди.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Заканите од тужба не го исплашија „Ел Конфиденсал“ кој од почетокот на неделава секојдневно објавува аудио снимки во кои се слуша што Перез мисли за клупските легенди.
Денеска се објавени снимки кои потекнуваат од 2006 година, а на кое претседателот на Реал Мадрид плука по Гути и Луис Фиго.
Перез го нарекува Гути магаре кој е најголем непријател на самиот себе, додека уште полошо помина Луис Фиго кого го нарече кучкин син.
– Би ја свртел целата соблекувална наопаку. Заедно со Раул – зборува Перез.
Единствен за кого Перез има позитивно мислење е Зинедин Зидан кој по завршувањето на сезоната си поднесе оставка од тренерската функција.
Скандал го тресе Реал Мадрид, Флорентино Перез газеше го легендите на клубот


