Сапоро не дозволува референдум за организација на ЗОИ 2030
Јапонскиот град Сапоро денеска ја отфрли можноста за одржување референдум на кој граѓаните на овој град би се изјасниле за кандидатурата за домаќин на Зимските олимписки игри во 2030 година.
Препорачано
Градското собрание во кое мнозинство има Либерално-демократската партија, одби да се одржи референдум притоа соопштувајќи дека нема потреба од јавно гласање бидејќи анкетите покажале дека 52 отсто од населението сака Сапоро да поднесе кандидатура за ЗОИ 2030 година.
Најголем противник на ваквата одлука е јапонската комунистичка партија чиј член Хитоши Мураками, кој го предложи референдумот, рече дека резултатите од анкетата биле наместени, бидејќи граѓаните биле испрашувани кратко по завршувањето на Олимписките игри во Токио што се одржаа минатото лето.
Сапоро е еден од трите кандидати кои веќе подготвуваат официјална кандидатура за организација на Зимските олимписки игри 2030 година заедно со Солт Лејк Сити и Ванкувер, а интерес пројавува и Барселона.
Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) се очекува во мај идната година мај да го избере домаќинот на Зимските олимписки игри во 2030 година.
Следните Зимски игри ќе се одржат во 2026 година во Милано и Кортина Д’Ампецо.


