Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Сантош преговара со фудбалери на Јувентус и Челси

Фудбалскиот клуб Сантош подготвува сериозен тим за враќање во бразилската Серија А. Клубот на Пеле се договори со Нејмар, а исто така преговара со Јувентус за Артур Мело и Челси за Дејвид Вашингтон.

Бразилскиот тим е блиску до договор со „бјанконерите“ за позајмица на играчот од средниот ред.

Договорот меѓу двата клуба ќе вклучува и опција за купување. 28-годишниот Артур Мело не се вклопува во плановите на Тиаго Мота и нема одиграно ниту еден натпревар за „старата дама“ од почетокот на сезоната.

Сантош има начелен договор со Челси за Дејвид Вашингтон. Напаѓачот исто така сака да му се придружи на Нејмар во Вила Белмиро. Останува уште двата клуба да се согласат за деталите околу договорот, кој ќе биде во форма на позајмица до јуни.

19-годишниот напаѓач дојде во Челси од Сантош во летото 2023 година за 16 милиони евра. евра. Досега играше главно за тимот до 21 година на „сините“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот