Сандра Африка сака да сними секс-сцена со Милош Биковиќ (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Познатата српска пејачка Сандра Африка наскоро ќе имаме можност да ја гледаме и како актерка, иако никогаш во живот не стапнала во театар.

Пејачката, чија кариера започна како танчерка на Миле Китиќ, бескрајно се радува на театарското деби.

– Не сакам да одам во театар и никогаш во животот не сум гледала претстава. Ме нервираат сите такви големи собири и гужви. Единствено кај што сум била, а да е од тој тип, е една модна ревија и еден концерт, изјавила пејачката за српските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

Moja najdraza @look__book__87? ???️????❤️

A post shared by Sandra Afrika (@sandraafrika) on

Една од главните улоги во претставите „Koј ти ја тресе црешата“ ја добила „преку врски“.

– Мојот долгогодишен пријател Драган Маринковиќ Маца, ме повика да отпеам една песна за потребите на претставата. После тоа дојдовме до идеја да глумам. Ја играм девојката која се вика Цреша и која има две момчиња, но не смеам да откривам што ќе се случува со нив, раскажа Сандра и ги повика сите заинтересирани да ја погледнат премиерата во четврток на 2 јули во „Академија 28“.

Иако не е љубител на театарските уметности, Сандра не би имала ништо против да заигра во филм, и тоа со Милош Биковиќ.

– Тој сјајно се пронајде во улогата на криминалец – Петар Мараш. Баш ми се допадна како се тоа го изнесе. Би ми било драго да бидеме партнери на филмското платно, призна пејачката па додаде: „Секси сцените не ми се нешто непознати затоа што во многу од моите спотови сум провокативно облечена. Би се разголила за некоја потреба на некоја улога и би барала 15 илјади евра. Единствен услов би било се тоа да биде професионално и да изгледа еротски, а не вулгарно“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот