Сандерс ги осуди хомофобичните коментари за Бутиџиџ: „Заедно ќе ја завршиме поделбата и омразата која ја шири Доналд Трамп“

Фото: EPA-EFE/GARY HE

Демократскиот сенатор Берни Сандерс ги осуди хомофобичните напади од познат радиски водител близок на претседателот Доналд Трамп за неговиот демократски противник Пит Битиџиџ.

Раш Лимбо од американските конзервативни кругови му се потсмеваше на поранешниот градоначалник на Саут Бенд во сојузната американска држава Индијана и Батиџиџ го нарече: „тој 37-годишник кој на сцената го бакнува својот сопруг“.

Коментарот силно одекна бидејќи пред само неколку дена Трамп го фалеше овој водител.

За време на говорот за состојбата на нацијата пред Конгресот, американскиот претседател му додели „медал за слобода“, највисокото цивилно одликување на САД и му се заблагодари на „децениската посветеност на својата земја“.

– Меѓу нас како кандидати постојат несогласувања, но личните напади како овој се неприфатливи – реагираше Сандерс.

Тој додаде дека хомофобичните коментари на Раш Лимбо за Пит Бутиџиџ се скандалозни и навредливи.

– Заедно ќе ја завршиме поделбата и омразата која ја шири Доналд Трамп – додаде тој.

Пит Бутиџиџ не одговори директно на тие напади.

– Се гордеам со својот брак и со својот сопруг – едноставно одговори тој на еден собир со гласачите во Лас Вегас.

Батиџиџ тесно го победи Сандерс на демократските предизбори во Ајова, додека во Њу Хемпшир славеше Сандерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот