Санчо ќе биде најскапото засилување во историјата на Јунајтед!?

twitter.com/ManUtd

Германскиот клуб ја проценува трансферната вредност на 19-годишниот Англичанец на повеќе од 100 милиони фунти, но Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати таа сума, пренесува „Дејли Мирор”.

Претставниците на Јунајтед контактираа со колегите од Дортмунд за купувањето на Санчо минатата сезона, но тогаш договорот беше невозможен. „Црвените ѓаволи“ сега се подготвени да понудат 115 милиони евра до германскиот клуб и го направат најскапото засилување во историјата на славниот клуб од „Олд Трафорд“, односно го сруши трансферот на Пол Погба (105 милиони евра од Јувентус).

Од преселбата од Манчестер сити во 2017 година, Санчо има постигнато 18 голови и 30 асистенции на 68 натпревари за Борусија. Минатата сезона „експлодираше“ во дресот на „милионерите“, реализираше 13 голови, а сезонава веќе трипати погоди, и запишани три асистенции не само осум натпревари во Бундес лигата.

Во краток рок се докажа во Германија каде што стигна од Манчестер сити за 10 милиони евра. За репрезентацијата на Англија одигра 10 натпревари и постигна два гола.

Претходно објавивме дека францускиот репрезентативец Погба ќе паузира уште најмалку еден месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот