Самуел Ето обвинет за местење натпревари

фото: EPA/ESTELA SILVA

Камерунската фудбалска легенда, и поранешен соиграч на Горан Пандев, Самуел Ето е обвинет за местење натпревари.

Претседателот на Фудбалската федерација на Камерун одговори на обвинувањата и вели – не е виновен. И тој исто така вели – сето тоа е дел од кампањата против него што ја започнаа оние што сакаат да го заменат.

Камерунските медиуми објавија дека Ето му помогнал на второлигашот Викторија Јунајтед. Наводно, корупциската мрежа може да вклучува и до 40 лица.

Поддршка во овој случај Ето доби и од првиот човек на ФИФА и репрезентативците на Камерун, кои излегоа со соопштение во кое гарантираат дека Ето е невин во целиот овој случај.

Истрагата е во тек и се очекува да заврши за неколку дена. Иако тамошните медиуми кои први ја објавија веста потсетуваат дека Ето е невин додека не се докаже спротивното, британски „Гардијан“ наведува дека има и видеа кои покажуваат дека Ето е вмешан во оваа афера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот