Са­мо ед­на ла­жи­ца мед днев­но го на­ма­лу­ва хо­лес­те­ро­лот и го за­јак­ну­ва иму­ни­те­тот – Слободен печат
ЗдравјеМагазин

Са­мо ед­на ла­жи­ца мед днев­но го на­ма­лу­ва хо­лес­те­ро­лот и го за­јак­ну­ва иму­ни­те­тот

Ме­дот е полн со ан­ти­ок­си­дан­ти и има мно­губ­рој­ни ан­ти­бак­те­рис­ки свој­ства. Ток­му тоа не­го го пра­ват нај­доб­ра на­мир­ни­ца ко­ја ни ја да­ла при­ро­да­та и со ко­ја ние зна­чи­тел­но са­ми­те на се­бе мо­же­ме да си по­мог­не­ме во за­јак­ну­ва­ње­то на иму­ни­те­тот.

Освен тоа што е од­ли­чен до­да­ток во ис­хра­ната, но и сос­тој­ка што се по­чес­то е сос­та­вен дел од ни­за коз­ме­тич­ки пре­па­рати, ме­дот и не­го­ви­те ле­ко­ви­ти свој­ства има­ат зна­чи­тел­но вли­ја­ние и врз заш­ти­та­та на це­ло­куп­но­то здравје. Со не­го зна­чи­тел­но ќе го за­јак­не­те иму­ни­те­тот, ќе го по­до­бри­те пом­не­њето, ќе го на­ма­ли­те ви­шо­кот на ки­лог­рами, а ќе го на­ма­ли­те и ни­во­то на стре­сот.

До­кол­ку ме­дот го ко­рис­ти­те бук­вал­но се­кој ден, но се раз­би­ра во уме­ре­ни ко­ли­чини, ќе ги по­чув­ству­ва­те си­те по­до­лу на­ве­де­ни при­до­бив­ки по соп­стве­но­то здравје.

Ја чис­ти ко­жата

Ме­дот чисти, заш­ти­тува, но и ле­ку­ва рани, а за не­га на ко­жа­та се ко­рис­ти на­се­ка­де во све­тот. Во сос­та­вот на ме­дот се на­о­ѓа­ат про­те­ини, хид­ро­ген и глукон­ска ки­се­ли­на ко­ја има моќ да ги ле­ку­ва сит­ни­те ра­нич­ки на­се­ка­де во те­лото. Не­го­ви­те ами­но­ки­се­ли­ни има­ат моќ да го об­но­ват тки­во­то и ги од­ржу­ва­ат ва­ши­те пот­кож­ни влак­на цврс­ти и здрави. Пок­рај тоа, ме­дот е бо­гат и со ме­ла­то­ним, кој има фун­кци­ја до­пол­ни­тел­но да го опуш­ти ор­га­низ­мот за вре­ме на спи­е­ње­то и кој, ме­ѓу дру­гото, по­ма­га ко­жа­та да би­де здрава, за­тегната и сјајна.

Де­ток­си­ка­ци­ја на це­ло­то тело

На­ше­то те­ло се­кој­днев­но е из­ло­же­но на ог­ро­мен број ток­си­ни што ги вне­су­ва­ме пре­ку хра­ната, во­да­та или, пак, воз­ду­хот. Ток­му за да ги от­стра­ни­ме штет­ни­те ма­те­рии од ор­га­низ­мот што сме ги вне­ле на ва­ков на­чин, мно­гу ќе ни по­мог­не се­кој­днев­но­то вне­су­ва­ње на ед­на ла­жи­ца мед. Нај­доб­ро е тоа да го пра­ви­те ра­но на­утро, вед­наш штом ќе се раз­бу­дите. Ме­дот е полн со фла­во­ноид, кој по­ма­га да се од­ржи рам­но­те­жа­та на сло­бод­ни­те ра­ди­кали, ток­си­ни и ан­ти­ок­си­дан­ти во те­лото, кои по­на­та­му во­дат до ош­те­ту­ва­ње на тки­вата.

Ја по­доб­ру­ва ат­лет­ска­та кон­диција

Ме­дот во сво­јот сос­тав изо­би­лу­ва со нут­ри­тив­ни кар­бо­хид­ра­ти што мно­гу по­ма­га­ат во од­ржу­ва­ње­то на кон­дици­ја­та кај спор­тис­тите. Имено, ис­хра­на­та бо­га­та со нут­ри­тив­ни кар­бо­хид­ра­ти мно­гу по­ма­га во моќ­нос­та и во из­држли­вос­та што, пак, по­ма­га­ат за по­го­лем ин­тен­зи­тет до­де­ка тра­ат веж­би­те и тре­нин­зите.

Го на­ма­лу­ва ви­шо­кот ки­лог­рами

Иа­ко за мно­гу­ми­на ме­дот со си­те ка­ло­рии што ги по­се­ду­ва во сво­јот сос­тав и не из­гле­да ка­ко до­бар со­јуз­ник во сла­бе­е­њето, тоа ни­ту од да­ле­ку не е така. Всушност, тој мно­гу ќе ви по­мог­не да го на­ма­ли­те непо­са­ку­ва­ни­от ви­шок ки­лог­рами. Истра­жу­ва­ња­та на оваа те­ма мно­гу­па­ти до­се­га по­ка­жа­ле де­ка кон­су­ми­ра­ње­то мед во за­ме­на за про­из­во­ди­те што мо­жат да се нај­дат на па­за­рот, а се пол­ни со са­ха­роза, има по­доб­ро вли­ја­ние и ре­зул­ти­ра со на­ма­лу­ва­ње на ви­шо­кот ки­лог­рами.

Го на­ма­лу­ва ма­мурла­кот

Ед­на сту­ди­ја око­лу при­до­бив­ки­те што ги има чо­ве­кот кој ја­де се­кој­днев­но мед, по­ка­жа­ла де­ка тој по­ма­га во де­ток­си­ка­ци­ја на ор­га­низ­мот по дол­гот­рај­но кон­су­ми­ра­ње ал­ко­хол. Па така, ед­на ла­жи­ца мед во ком­би­на­ци­ја со ед­на ба­на­на ва­жи за нај­до­бар по­ја­док до­кол­ку ми­на­та­та ноќ сте пре­те­ра­ле со кон­су­ми­ра­ње по­го­ле­ма ко­ли­чи­на на ал­ко­хол и ут­ро­то сте ма­мур­ни и не мо­же­те нор­мал­но да ги из­вршу­ва­те ва­ши­те об­врски.

За пок­ва­ли­те­тен сон

Ед­на од нај­ста­ри­те ме­то­ди што се ко­рис­ти за по­доб­ру­ва­ње на со­нот и за по­лес­но зас­пи­ва­ње е ток­му ја­де­ње­то ед­на ла­жи­ца мед пред лег­ну­вање. Топ­ло­то мле­ко или ча­јот од ка­ми­ли­ца во ком­би­на­ци­ја со ме­дот, ќе ви го по­до­бри рас­по­ло­же­ни­е­то и це­лос­но ќе ви ги опуш­ти мо­зо­кот и мус­ку­ли­те та­ка што вие вед­наш ќе му се пре­да­де­те на со­нот.

Ги на­ма­лу­ва ан­кси­оз­нос­та и стре­сот

Ток­му по­ра­ди тоа што ме­дот по­вол­но деј­ству­ва на опуш­та­ње на ор­га­низ­мот, тој е од­ли­чен со­јуз­ник и во бор­ба­та про­тив стре­сот и ан­кси­оз­носта.

Го на­ма­лу­ва хо­лес­те­ро­лот во крвта

Зго­ле­ме­но­то ни­во на хо­лес­те­рол во крв­та мо­же да ос­тави трај­ни по­след­ици врз здрав­је­то би­деј­ќи мо­же да би­де при­чи­на за по­ја­ва на ср­цев или мо­зо­чен удар. За­тоа, ре­дов­на­та кон­су­ма­ци­ја на мед го овоз­мо­жу­ва зго­ле­ме­но­то при­сус­тво на глуко­за во крвта, ко­ја пак по­ма­га во на­ма­лу­ва­ње­то на ни­во­то на хо­лес­те­рол и триг­ли­це­ри­ди во крвта.

Го за­јак­ну­ва иму­ни­те­тот

Ме­дот е полн со ан­ти­ок­си­дан­ти и има мно­гу ан­ти­бак­те­рис­ки свој­ства. Ток­му тоа не­го го пра­ват нај­доб­ра на­мир­ни­ца што ни ја да­ла при­ро­да­та и со ко­ја ние зна­чи­тел­но са­ми­те на се­бе мо­же­ме да си по­мог­не­ме во за­јак­ну­ва­ње­то на иму­ни­те­тот.

Го на­ма­лу­ва каш­ла­њето

Да­ли ви е поз­на­та ком­би­на­ци­ја­та на мед и на ли­мон? До­кол­ку не сте се оби­де­ле ко­га ќе ве за­бо­ли гр­ло­то да из­ме­ша­те мед за­ед­но со сок од ли­мон, и на тој на­чин са­ми­те да си го ле­ку­ва­те бол­но­то грло, вре­ме е да за­поч­не­те да го пра­ви­те тоа вед­наш, и тоа пред да за­поч­не се­зо­на­та на нас­тин­ки и грип што ни прет­стои.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close