Само еден македонски државјанин се пријавил во амбасадата во Израел и побарал да биде евакуиран
Само еден македонски државјанин се пријавил во амбасадата во Израел и побарал да биде евакуиран, откако на 13 април, Иран лансираше стотици беспилотни летала и проектили кон Израел како одговор на израелскиот ракетен напад изведен на 1 април врз комплексот на иранската амбасада во Сирија, во кој загинаа седум офицери на Иранската револуционерна гарда.
Препорачано
Како што соопшти министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната прес-конференција на македонскиот државјанин веднаш му е даден патен лист за да може да ја напушти државата.
-Семејствата на амбасадорот и дипломатот се таму. Сепак решиле да останат и да ја следат состојбата. Подготвени се и координираме доколку е потребно да интервенираме. Од Иран немаме барање од наши државјани за евакуација, кажа министерот.
Османи оцени дека состојбата во моментов е „статус кво“.
-Граѓаните да се јават во нашите амбасади, нека ги има на списоците, дајте телефонски броеви. Утре ако се влоши, ќе знаеме како да ве контактираме, им порача Османи на македонските државјани кои се во земјите на Блискиот исток.


