Саливан: Во Доха е постигнато разбирање за „основните контури“ на договорот за заложниците

Џејк Саливан, советник за национална безбедност на САД/ Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW / POOL

САД, Египет, Катар и Израел постигнаа разбирање за „основните контури“ на договорот за ослободување заложници за привремен прекин на огнот во Газа, изјави денеска за Си-Ен-Ен американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

„За договорот сè уште се преговара“, вели Саливан.

Тој додаде дека Катар и Египет ќе мора индиректно да разговараат со Хамас.

Израелски медиуми: Има напредок за прекин на огнот во Газа

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека сè уште е нејасно дали тековните разговори ќе доведат до договор.

Во интервју за Си-Би-Ес Њуз, Нетанјаху рече дека во текот на денот ќе се сретне со неговиот тим за да разговара за воениот план за евакуација на палестинските цивили во Газа и операцијата за уништување на преостанатите формации на Хамас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот