Салиу: Полицијата поднела кривична пријава за попречување на службено лице, најверојатно работата на ПорталХ ќе биде оневозмоена
Новинарот Фуркан Салии на неговата Фејсбук страна истакна дека добил информации дека МВР веќе поднело кривична пријава за попречување на службено лице по член 382.
Препорачано
„Најверојатно ќе се бара претрес во просторите на ПорталХ и во моето живеалиште.
Делото не верувам дека можат да го докажат меѓутоа најверојатно работата на ПорталХ ќе биде оневозмоена одреден период.Ги повикуваме сите релевантни институции, меѓународните организации добро да внимваат како ќе се одвива целата ситуација“, напиша новинарот Салиу на Фејсбук.
Ќе дојде моментот кога министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе ми се извини ако си стои на зборот, освен ако не направат некоја манипулација, изјави денеска новинарот Фуркан Салиу во интервју за „Слободен печат“, каде новинарката Мирослава Симоновска водеше разговор со него во врска со неговото приведување од полицијата во неделата попладне после завршување на фудбалски натпревар од 3 лига.
Тој додаде дека во Министерството за внатрешни работи имало обиди да се промени службена белешка, за да се монтира случај и да изгледа дека пиштолот кој Салиу го имал во автомобилот, всушност го носел со себе.


