Сал Да Винчи / Фото: EPA

ВИДЕО | Сал Да Винчи триумфираше на Санремо, сè уште e неизвесно дали ќе ја претставува Италија на Евровизија

Италијанскиот пејач Сал Да Винчи е победник на годинашното издание на фестивалот Санремо. Со песната „Per sempre sì“, емотивна балада посветена на сопругата Клаудија Пулиезе, 56-годишниот уметник ги освои и публиката и членовите на стручната жири-комисија.

По победата, во италијанските медиуми веќе се отвори прашањето дали тој ќе ја претставува Италија на Евровизија. Иако победникот на Санремо традиционално добива можност за настап на европската сцена, засега нема официјална потврда за таква одлука. Сепак, интересот и очекувањата се веќе насочени кон неговиот следен чекор.

Сал Да Винчи / Фото: EPA

Роден во Њујорк како Салваторе Мајкл Сорентино, Сал Да Винчи има длабоки корени во неаполитанската уметничка традиција. Кариерата ја започнал во театарот, под влијание на својот татко, а подоцна се насочил кон музиката. Низ годините соработувал со имиња како Орнела Ванони и Ренато Зеро, има објавено 25 албуми и настапувал пред папата Јован Павле II.

Неговото прво учество на Санремо беше во 2009 година, а годинава се врати со песна што многумина ја оценија како најтрадиционалната и најдиректна љубовна химна на фестивалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот