Сакаат да го продадат Погба, но има еден „проблем“!

twitter.com/Realmadridplace

Оле Гунар Солскјер на располагање има 100 милиони фунти за трошење во летниот преоден рок, но смета дека тоа нема да биде доволно да се подигне квалитетот на екипата.

„Жртва“ на тој пат би бил токму Погба од кој посакуваат заработка од 140 милиони, но има еден проблем, а тој се вика „Адидас“.

https://twitter.com/JamesWardle15/status/1142696446606684161

Германската компанија не сака да остане без најголемата ѕвезда во клубот со кој во 2015. година потпиша договор на 10 години вреден дури 750 милиони фунти.

-Јунајтед нека потпише со суперзамена, ако си замине Погба – велат од „Адидас“.

Од друга страна, пак, норвешкиот менаџер даде „зелено светло“ за негова продажба и би се олеснил „бизнисот“ на фудбалскиот пазар ова лето.

Како негова замена се шпекулира Бруно Фернандеш, Португалецот одушеви со своите игри во Спортинг и според многумина тој е подготвен за поголем предизвик.

Евентуалниот негов трансфер на „Олд Трафорд“ би бил нешто помалку од 50 милиони фунти, што е скоро трипати помалку од Погба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот