Саитоски потпиша нов договор со Домжале

фото: nkdomzale.si

Словенечкиот фудбалски клуб и натаму се грижи за своите перспективни надежи кои успешно ги претставуваат помладите категории.

Помеѓу нив е и У17 македонскиот репрезентативец, Емир Саитоски кој потпиша нов договор со Домжале кој ќе трае до лето 2023 година.

Нашиот играч во 2018 година дојде во клубот од Олимпија Љубљана и во досега имаше 29 натпревари и девет голови за кадетскиот тим, а воедно запиша и шест настапи и еден погодок за У19 тимот.

Ова ветувачко крило истакнува за клупскиот сајт е дека е среќен што ја продолжува соработката.

Важна одлука во мојата кариера, но беше многу лесно, бидејќи одлично се чувствувам во Домжале. Ми верува клубот, имам одлични услови за мојот развој во и надвор од теренот. Мое е да продолжам напорно да работам и се подобрувам низ тренинзи и натпревари – вели Саитоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот