Садики и Сејдиу велат дека општините Студеничани и Желино се отчетни и транспарентни

Азем Садики, градоначалник на скопската Општина Студеничани, вели дека администрацијата на оваа општина е максимално посветена со сите свои капацитети да биде во служба на граѓаните.

– Како градоначалник, вложувам максимални напори да ja надгледувам општинската администрација за што е можно побрзо да ги извршуваат услугите кон граѓаните, за да не чекаат граѓаните за било каква услуга кога им е потребна. Исто така, посветуваме посебно внимание и за комуналните услугите што ги даваме на граѓаните преку Комуналното претпријатије. За најважните одлуки како што се планирање на буџетот и програми за развој, вложувам максимални напори да дадам доволно простор на предлозите од граѓаните кои постојано ги консултирам на состаноците и посетите во населените места на општината. Транспарентноста е максимална. На веб-страницата на општината и на социјалните мрежи постојано ја информираме јавноста за сите дневни активности на општината, изјави за „Слободен печат“, Азем Садики, градоначалник на општина Студеничани.

И градоначалникот на тетовската општина Желино, Блерим Сејдиу вели дека неговата општина е одговорна и транспарентна пред граѓаните. Тој за „Слободен печат“ вели дека, иако како општинска власт се соочуват со предизвиците на ковид-19, сепак се во првите редови за да и служат на граѓаните со сите капацитети.

– Општина Желино е една од најтранспарентните општини на државно ниво врз основа на индексите на домашните и на меѓународните организации. Ние сме посветени на тоа да бидеме што е можно поотворени и транспарентни кон јавноста, овозможувајќи на граѓаните да бидат што е можно поинформирани за одлуките, изработката на буџетот, каде ги охрабруваме нашите граѓани да бидат вклучени во предлог/одлуките за стратешки ориентации на нашите проекти. Отчетност даваме со годишен извештај за целата работа и проекти што се реализирани или се реализираат, организираме и отворени дебати со граѓанско учество, информира Сејдиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот