САД воведоа санкции кон поединци и компании поради поддршка на иранската ракетна програма
Соединетите Американски Држави воведоа санкции против поединци и компании во неколку земји поради поддршка на Иран во производството на балистички ракети и беспилотни летала, соопшти Стејт департментот. Мерките се дел од најновиот обид на Вашингтон да изврши дополнителен притисок врз Техеран.
Препорачано
Според соопштението на Министерството за финансии на САД, објавено од Ројтерс, санкциите ги опфаќаат вкупно 32 лица и субјекти од Иран, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Кина, Индија, Германија и Украина, кои управуваат со мрежи за набавки поврзани со иранската воена индустрија.
„Овие мрежи претставуваат закана за американскиот и сојузничкиот персонал на Блискиот Исток, како и за комерцијалниот бродски сообраќај во Црвеното Море,“ се наведува во соопштението, пренесува Ројтерс.
САД, заедно со нивните европски сојузници и Израел, долго време го обвинуваат Техеран дека ја користи својата нуклеарна програма како покритие за развој на оружје, додека Иран инсистира дека неговите активности се мирољубиви и насочени кон цивилна употреба на нуклеарната енергија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
8час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


