САД: Украина има право да одлучува за својата иднина и да ја брани својата територија

Нед Прајс
Нед Прајс / Фото: Архива на „Слободен печат“

Американскиот Стејт департмент истакна дека Украина има право да ја брани својата територија и да одлучува за својата иднина, јави агенцијата Анадолија.

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс коментирајќи ја изјавата на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, кој препорачува линија на прекин на огнот меѓу Украина и Русија врз основа на границите пред 24 февруари, рече: „Господинот Кисинџер зборуваше како граѓанин”.

– Ние цврсто веруваме дека Украина, и само Украина, има право да одлучува за својата иднина, рече Прајс и додаде дека Вашингтон, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски, смета дека војната на крајот ќе мора да заврши преку дијалог и дипломатија. Веруваме во потребата за мир кој е праведен и одржлив. За жал, не видовме никаков значаен возврат од Москва, додаде портпаролот на Стејт департментот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот