САД со препораки до граѓаните: Не патувајте во Шпанија и во Португалија поради Ковид-19

Стејт Департмент САД/ Фото Архива на Слободен Печат

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести и Стејт департментот предупредија дека не треба да се патува во Шпанија, Португалија, Кипар и Киргистан заради зголемениот број на коронавирус инфекции во тие земји.

ЦДЦ го зголеми ризикот за патување за овие земји на „ниво четири: многу високо” и им препорачува на Американците да избегнуваат патувања, додека Стејт департментот препорачува да не патуваат во тие земји.

Шпанија во јуни повторно ги отвори своите граници за американските туристи и оттогаш е популарна дестинација за американските туристи.

ЦДЦ, исто така, покрена препораки за патување во Куба на „четврто ниво”, додека Стејт департментот препорача да не се патува таму.

Здравствените власти во САД се загрижени и за зголемениот број на заболени лица во Израел, Западниот брег и Газа, а Стејт департментот им препорачува на потенцијалните патници „да ги преиспитаат” патувањата во Израел.

ЦДЦ и Стејт департментот подигнаа на „ниво 3″ за Ерменија што значи дека невакцинираните патници треба да избегнуваат патување во таа земја, освен ако не е потребно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот