САД со обвинение дека Швајцарија манипулира со курсот на франкот

Швајцарија манипулира со курсот на франкот за да спречи негово зајакнување во време на превирања на финансиските пазари предизвикани од пандемијата на коронавирусите, објави Министерството за финансии на САД.

Министерството објавува извештаи двапати годишно во кои ја анализира валутната политика на големите трговски партнери, потсетува Би-Би-Си.

Швајцарија беше именувана во извештајот објавен во средата како земја што манипулира со девизниот курс на домашната валута, заедно со Виетнам.

Вашингтон исто така има намера внимателно да ги следи монетарните политики на 10 земји, вклучувајќи ги Кина, Јапонија, Јужна Кореја и Германија. На списокот на земји на кои им е потребно поголемо внимание се Тајван, Тајланд и Индија, според Би-Би-Си.

Во одлуката за поблиско следење на одделни земји, САД, меѓу другото, разгледуваат и степенот до кој интервенираат на девизните пазари и степенот на вишок во билатералната размена.

Трговскиот суфицит на Швајцарија со САД нагло се зголеми во периодот од 12 месеци до крајот на јуни, делумно се должи на наглото зголемување на извозот на злато во првата половина на 2020 година, водено од набавки од американски инвеститори во времето на пандемијата, рече Вашингтон.

Кон ова треба да се додадат и интервенциите на швајцарската централна банка на девизните пазари во вредност од 14 проценти од БДП, кој се обидува да го амортизира остриот скок на побарувачката за франк, додава Министерството за финансии на САД.

Интервенцијата е „значително пообемна отколку во претходните периоди“, забележуваат тие.

Швајцарија ја отфрли етикетата „манипулатор на девизниот курс“, додавајќи дека сепак е „подготвена пошироко да интервенира на пазарот“.

„Интервенциите на девизниот пазар се неопходни во швајцарската монетарна политика за да се обезбедат соодветни монетарни услови, а со тоа и ценовна стабилност“, се додава во одговорот.

Швајцареците посочуваат дека наглото зајакнување на франкот би било штетно за економијата и има намера да продолжи со сегашната политика, која опфаќа широко купување на американски акции.

Виетнам не ја коментираше процената на Вашингтон за манипулирање со курсот на валутата донг.

САД тврдат дека Виетнам ги засилил интервенциите на девизниот пазар во период од 12 месеци што завршува во јуни и сака да го заузди зајакнувањето на донгот паралелно со зголемувањето на билатералната трговија, со што „стекнува нелојална предност во однос на меѓународната трговска конкуренција“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот