САД нудат три милиони долари за информација за нападите во Ирак

Турски воени авиони ги ракетираа позициите на курдската милиција, вклучително и кампови за обука, засолништа и складишта за муниција во Ирак и северна Сирија/ Фото: МИА

Американскиот Стејт департмент објави дека нуди награда до три милиони долари во рамки на програмата „Награди за правда” (Rewards for Justice) за информации за напади врз Американци во Ирак.

Соопштението дојде еден ден по нападот со три беспилотни летала со експлозив на аеродромот во Багдад, каде што се сместени американски трупи.

„О, верен народ на Ирак, кукавичките терористи ги напаѓаат дипломатските мисии на САД во Ирак, а потоа бегаат да се сокријат меѓу цивилите”, пишува на арапски на Твитер профилот „Награди за правда”.

„Америка нуди награда до три милиони долари за информации за планирани или минати напади врз американски дипломатски мисии”, се вели во видео-соопштението.

Од почетокот на годинава, вкупно 42 напади биле упатени кон американската амбасада во Багдад, ирачките бази со американски трупи или ирачките конвои кои носеле превезувале логистичка поддршка.

Последниот напад беше извршен вчера со три беспилотни летала полни со експлозив, соопшти денеска ирачката армија.

Во соопштението се вели дека едно од беспилотните летала синоќа било пресретнато од противракетниот систем. Ова е четврти ваков напад со беспилотно летало за помалку од два месеци. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот