САД и Еквадор започнаа заеднички воени операции против „странски терористички организации“
Вооружените сили на Соединетите Американски Држави започнаа операции против „странски терористички организации“ во Еквадор во соработка со локалните безбедносни сили, објави вчера Јужната команда на САД (SOUTHCOM), пренесува Си-ен-ен.
Препорачано
Во соопштението, САУТКОМ нагласи дека операциите се спроведуваат заеднички со еквадорските вооружени сили.
Американската администрација зборуваше за „решителна акција“ против странските терористички организации што дејствуваат во латиноамериканската земја, без, сепак, да даде дополнителни детали за природата на операциите.
Почетокот на заедничките операции го објави во понеделник еквадорскиот претседател Даниел Нобоа.
Нобоа, кој се смета за сојузник на претседателот на САД, Доналд Трамп, зборуваше за „нова фаза“ во војната на владата на земјата против бандите.
Криминалните организации што работат во Еквадор се обвинети од владата за вклучување во активности на „наркотероризам“.
Овој термин го користат властите за да ја опишат поврзаноста на организираните криминални мрежи со трговијата со дрога и употребата на насилство или терористички практики за контрола на областите и рутите на трговија со дрога.


