САД: Четири жртви од лошото невреме, илјадници летови откажани

Според експертите „вистинскиот ризик треба да дојде од силните ветрови и акумулацијата на мраз“.

Најмалку четри лица го загубија животот, повеќе од 1.000 летови се откажани, илјадници луѓе останаа без електрична енергија во различни делови од седум држави во САД, од Тексас до Мичиген, како резултат на масовната снежна бура, проследена со град, пренесуваат светските медиуми.

Според експертите „вистинскиот ризик треба да дојде од силните ветрови и акумулацијата на мраз“.

Доцна во петокот две лица го загубија животот во Луизиана. Според локалните медиуми, уште едно лице го загуби животот откако врз неговиот дом падна дрво, додека четвртата жртва го загуби животот откако изгуби контрола врз неговото возило и излезе од патот во Далас, пишува NBC.

Во саботата, околу 200 илјади домови се без електрична енергија во Тексас, Луизиана, Мисисипи, Аркансас, Тенеси, Илиноис и Мичиген.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот