САД: Авион со новинари запрен поради наезда на штурци

Авионот со новинари кои известуваат од официјалната посета на американскиот претседател Џо Бајден на Европа синоќа не одлетал од аеродромот во Вашингтон поради наезда на големи штурци, кои периодов го нападнаа источното крајбрежје на САД, јави Ен-пи-ар.

Штурците најверојато го стопираа авионот да замине за Европа, објави шеговито радиото. Млазните мотори на Боингот биле преполни со овие инсекти па затоа помошници од Белата куќа морале да побараат друг авион за новинарите.

Се работи за големи црвенкасти инсекти со широки крилја и истакнати очи кои излегуваат на површина еднаш во 17 години. Топлото и спарно време деновие предизвика нивно размножување, од американското источно крајбрежје до средниот запад. Инсектите летаат во роеви низ населените места, улиците, автопатиштата или аеродромите и предизвикуваат штети.

Покрај тоа што прават бучава со скрежење, големите инсекти со истакнати очи и криља предизвикувале дигестивни проблеми кај домашните миленичиња и биле причина за една сообраќајна несреќа во Синсинати, кога штурец влегол преку отворен прозорец во автомобилот и го удрил возачот по лице, предизвикувајќи судир на возилото во бандера, соопшти локалната полиција. Возачот поминал со лесни повреди но возилото било целосно уништено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот