Рускоска за Слободен печат: Разузнувачкиот документ не е доказ во судската постапка

Вилма Русковска / Фото: mia.mk

Објавата на таинствената белешка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) воопшто не била во доказна постапка на обвинението против бизнисменот Јордан Камчев за тој да добие притвор од 60 дена, туку бил меѓу другите услови кои обвинителката Лиле Стефанова ги има наведено за определување на притвор.

– Тој документ не беше воопшто во доказна постапка. Тоа беше меѓу другите услови кои колешката ги има наведено за определување на притвор. Не беше едиствено таа белешка, според тоа, како што ми е пренесено од колешката, јас сега не го знам предметот, но и други основи има. Така што, тоа не е доказ во постапката. Тој документ нема потреба да се користи понатаму. Тоа не е доказ за кривичното дело, изјави за Слободен печат шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот