Руските спортисти во Токио под „специјален“ третман: Без сон поради допинг контроли, местенки, судиите судат против нив…

EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Допинг контроли до раните утрински часови, обвинувања и провокации, превиди од судиите поради недозволени зафати ги чекаат руските спортисти на патот да медалите.

Руските спортисти на Олимписките игри во Токио настапуваат како Руски олимписки комитет но притоа не смеат да ги користат знамето и националните симболи, а исто така не се интонира ниту руската химна на свечената церемонија на доделување на медалите.

Покрај тоа, руските спортисти се на удар и на медумите поради системскиот допинг кој доведе до тоа Русија да бидеи исфрлена од големите спортски натпреварувања и да мора да настапува под знамето на ИОК.

Рускиот тенисер Данил Медведев по победата над Фабио Фоњини беше прашан од новинарот од Чиле, Сабистијан Намиас:
На руските спортисти на овие Игри им стои предзнак – измамници. Како вие се чувствувате поради тоа?“

Одговорот на Меведев беше директен:
„Засрами се и не сакам повеќе да те видам на моите прес-конференции“.
Колегата на Медведев, Андреј Рубљов кој утре ќе игра за златниот медал во мешани двојки објасни дека тие настапуваат и се тестираат низ целиот свет и дека прашањето е неумесно.
Новинарот сфати дека ја „промаши метата“ и се обиде да се извади со лошиут превод, но Медведев го одби извинувањето.
„Барав да го повтори прашањето два пати, не сакам таа срамота да ја гледам повеќе“.

Цел на напади се и руските пливачи кои имаат успеси на Игрите во Токио, а нападите најчесто доаѓаат од најголемите конкуренти, САД и Велика Британија. Евгениј Рилој утринава го освои златниот медал на 200 метри грбно, но сребрениот и бронзениот пливач, Рајан Марфи од САД и Лик Гринбанк индиректно го нападнаа шампионот дека учествувале во нечиста трка.

– Јас сум дел од системот АДАМС, ја сум за чист спорт и не разбирам во што е проблемот – изјави Рилов.
Потоа Американецот Марфи преку социјалните мрежи му се извини на Рилов напоменувајќи дека мислел за допингот воопшто, а не за него како пливач кој доаѓа од земја која е обвинета поради системски допинг.

Руските натпреварувачки во мечување кои беа меѓу главните фаворитки за златните медали, се пожалија дека поради допинг контролите не спиеле ниту еден час пред финалните борби. Така во финалето загубија и Дериглазова и Великаја.

Освен кај Светската антидопинг агенција (ВАДА), руските спортисти се под „специјален третман“ и кај судиите. За тоа зборува џудистот Тамрлан Башаев кој во Токио го поебди најдобриот џудист во историјата, Теди Ринер.

– Срамно е што се судиите му дозволуваат на Ринер за да остане легенда на џудото, му ја превидуваат секоја грешки, сите забранети зафати. Смешно е нас да не обвинуваат за допинг, а се знае за врската помеѓу САД и ВАДА. Кога американските спортисти земаат забранети препарати тоа е одобрено како дел од терапијата, а нас не обвинуваат за допинг. Највеќе се смеам кога ќе слушнам дека спортот е надвор од политиката, но ние не смееме да се бориме под нашето знаме иако поминуваме низ ригорозни допинг контроли на секое натпреварување – вели Башаев кој во Токио го освои бронзениот медал.

Откако најдобрата гимнастичарка на денешницата Симон Бајлс се повлече од натпреварувањата во повеќебој, се појавија написи дека таа одамна користи терапии кои овој пат не и помогнале со психичките проблеми.
– Свесни сме како Американците се подготвуваат пред стартот. Сите во чекалната пред влез во базен, земаат лекови против астма и само Бог знае уште што користат. Ова не е фер игра. Само во американската репрезентација има болни луѓе? Конциденција? Не, 70% од американскиот тим има дозвола за користење на забранети лекови – изјави Евгениј Коротишкин, руски пливач кој освои сребрен медал на Игрите во 2012 година.

Интересно е што ВАДА признава дека нема добра соработка со Олимпискиот комитет на САД.
– Отворени сме за соработка со САД но не заборавајте дека 90 проценти од американските спортисти се надвор од надлежностите на ВАДА. Американците треба да размислат како да ја смениме оваа ситуација – изјави претседателот на ВАДА, Витолд Банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот