Руски медиуми: Срушен митот за непобедливоста, „полека паѓа“ Азовстал

Фото: EPA-EFE/SERGEY VAGANOV

Пред една недела зградата на управата на металуршкиот комбинат Азовстал можеше да се види само со дрон, а денеска може да се пријде пеш, јавува руската телевизија Ѕвезда.

Фабриката Азовстал во Мариупол, Фото: EPA-EFE/SERGEY VAGANOV

„Митот за непобедливоста на тврдината на националистичкиот полк „Азов“ е уништен“, објави телевизијата, а пренесе Спутник. На тој дел од Азовстал, тимот на Ѕвезда практично е меѓу првите кои успеале да навлезат длабоко во фабриката, односно цел километар.

Според војниците на Народната милиција на ДНР, снајперистите на групата Азов постојано ги менуваат позициите користејќи го режимот на тишина. Сепак, тешко дека нешто ќе им помогне на снајперистите на Азовскиот полк – блокадата на фабриката полека паѓа, со минимални загуби на руските сили и максимални за непријателот.

мариупол
Руски војници во Мариупол / EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Инаку, Азовскиот полк е единица на доброволци во рамките на Националната гарда на Украина. За Украинците, овие бранители се херои кои се спротивставуваат на многу побројните руски агресори. Според Русите, пак, тие се неонацисти и потекнуваат од неонацистичка група наречена „Патриот на Украина“. Тие ја носат паганската ознака Wolfsangel, која ја носеле озлогласените нацистички СС единици и била фаворизирана од неонацистите. На обвинувањата за ознаката, од баталјонот одговорија дека ги претставуваат само првите две букви од слоганот Национална идеја. Против многу водачи и доброволци на Азовскиот полк, во Русија се покренати кривични постапки.

Која е мистеријата за Азовстал, големата советска челичарница која Русите не можат да ја освојат?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот