Руски ловец пресретнал два американски тешки бомбардери

Су-35 / Фото EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Руски пресретнувач „су-35“ итно бил испратен во воздушниот простор над Балтикот за да пресретне два американски стратегиски бомбардери „б-52“ што се приближувале кон руската граница, објави Министерството за одбрана во Москва. Притоа немало инцидент ниту блиска средба и ниту еден од авионите не нарушил туѓ простор.

– На 20 март радарите на противвоздушните сили во Западната воена област забележаа над Балтичко Море две цели што летаат кон државната граница на Руската Федерација. Борбен авион „су-35 се крена за да спречи нарушување на границата. Откако странските воени авиони се повлекоа подалеку, рускиот ловец се врати во базата – објави Министерството, идентификувајќи го странските авиони како американски стратегиски бомбардери „б-52х“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот