Русите започнуваат своја Википедија

На почетокот на следната година Русија ќе активира сајт наречен Знаење (Знание) кој ќе биде еквивалентен на сегашната интернет енциклопедија Википедија, изјави денеска рускиот министер за дигитален развој Максут Шадаев.

– Наша главна задача е да лансираме сопствен портал, кој е ажуриран според податоците на големата руска енциклопедија, а лансирањето е планирано за почетокот на следната година“, рече Шадаев, пренесува Танјуг.

Инаку на почетокот на годинава ланецот на ресторани за брза храна Мекдоналдс ја напушти Русија поради нападот на Украина, а рускиот бизнисмен кој ги купи рестораните од Мекдоналдс отвори синџир наречен „Вкусно“, кој е руската верзија на Мекдоналдс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот