Русинки запалија викендичка поради лајкови на Инстаграм: Сакале само да се пофалат на социјалните мрежи

Руска полиција/Фото: Profimedia

Полицијата соопшти дека двете девојки се локални. Едната има 20 години и студира, а другата е малолетна.

Полицијата пронајде две жителки на Канск кои запалиле викендичка за на Инстаграм да објават снимка од пожар, соопшти за Спутник портпаролот на краснојарската управа на Министерството за внатрешни работи на Русија, Владимир Јурченко.

На снимките се гледа како девојки во старата куќа ги кинат завесите и ги фрлаат на подот, ги палат и патем прават неред во собата. Потоа трчаат низ празната улица, разговарајќи за она што го направиле и користат непристојни зборови. Едната зборува дека и претходно така се „забавувала“ со својот другар.

Полицијата соопшти дека двете девојки се локални. Едната има 20 години и студира, а другата е малолетна.

Девојките го признаа делото и се каат за тоа. Споредн нивните зборови, тоа го направиле поради лајкови на социјалните мрежи, рече портпаролот.

Тој истачна дека во тек е идентификација на човекот споменат на снимката, како и проверка на слични случаи на подметнување на пожар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот