Русија уште нема предложено примирје во Украина за 9 мај, тврди официјален Киев
Официјален Киев уште нема добиено предлог за прекин на огнот за 9 мај, ден кој во Русија се одбележува секоја година како ден на победата над фашизмот. Министерот за надворешни работи на Украина Андриј Сибиха денеска изјави дека ваквиот потег од Русија е манипулација. Властите на Русија пак претходно истакнаа дека предложиле прекин на огнот за 9 мај.
Препорачано
– Тоа е уште еден обид на Русите да ги смират Американците, да покажат дека наводно имаат конструктивен дух. Украинскиот претседател Володимир Зеленски јасно стави до знаење дека до денес украинската страна не добила никаков предлог од Русите – додаде Сибиха.
Шефот на украинската дипломатија повтори дека неговата земја е посветена на мировните напори и оти повеќепати изразувала подготвеност за безусловен прекин на огнот.
– И сите тие наводни прекини на огнот, кои не ги почитуваат ниту самите Руси кои ги иницираа, претставуваат груб дипломатски маневар. Тоа е публицитет насочен кон домашната јавност – додаде украинскиот министер.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


