Русија подготвува лек против коронавирусот, експериментите покажуваат 100 проценти заштита

Рускиот претседател се сретна со д-р Логунов од Институтот „Гамалеја“ EPA-EFE/MIKHAIL METZEL / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Препаратот за лекување на корона вирусот со моноклонални антитела што го направи Рускиот научен центар „Гамалеја“ е подготвена за клиничко тестирање, изјави заменик директорот на овој центар Денис Логунов.

– Во експериментите со трансгенски животни покажавме дека лекот обезбедува 100 процентна заштита. Наскоро ќе започнеме со клинички испитувања. Се надевам дека ќе добиеме одобрение во јануари – изјави Логунов на средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

Логунов изрази надеж дека лекот ќе биде регистриран во следните три до пет месеци, а се зависи од тоа колку брзо ќе најдат доброволци за тестирање.

Дополнително, овој научен центар работи на нов лек против ковид -19 врз основа на избрани хемиски соединенија.

Според Логунов, доколку успешно ги помине тестовите, лекот може да се регистрира до крајот на 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот