Русија ја предупреди В. Британија: Не испраќајте воени бродови до нашата граница, следните вакви потези ќе бидат строго казнети
Високиот руски службеник за безбедност ја предупреди Велика Британија да не испраќа воени бродови во близина на Крим, доколку не сакаат да бидат повредени нивните морнари.
Препорачано
Според странските медиуми, заканата ја објавил заменик-секретарот на Советот за безбедност на Русија, Михаил Попов, по инцидентот кога руската морнарица испукала предупредувачки куршуми кон британскиот разурнувач ХМС Дефендер недалеку од Крим.
„Дејли меил“ пишува дека воениот брод „45 дистројер“ вежбал маневар во Црното Море и во украинските територијални води, тврди официјален Лондон.
Во интервју за рускиот весник „Росискаја газета“, Попов рече дека британскиот потег е „збунувачки“.
„Слични потези ќе бидат строго казнети, без оглед за која држава станува збор. Препорачуваме противниците внимателно да размислат дали вреди да се организираат такви провокации, со оглед на можностите на руските воени сили”, рече Попов.
Тензиите меѓу западните земји и Русија дополнително се зголемија од 2014 година, бидејќи Западот верува дека Москва го анектира Крим во 2014 година.
За потсетување, Црноморската флота на Русија, заедно со Граничната служба на ФСБ, истрела предупредувачки истрел на 23 јуни со цел да го спречи британскиот разорувач да ја наруши руската државна граница во Црното Море. Британските власти негираа дека имало инцидент.


