Русија испраќа уште шест авиони помош во медицинска опрема за Србија

Вчера од Русија во Србија пристигнаа првите пет воени авиони со медицинска опрема како дел од најавените 11 авиони помош

На белградскиот воен аеродром ,,Батајница”, денеска се очекува да пристигнат уште шест воени авиони на Руската федерација, со медицинска опрема за борбата со епидемијата предизвикана од коронавирусот.

Вчера од Русија во Србија  пристигнаа првите пет воени авиони со медицинска опрема како дел од најавените 11 авиони помош, договорени меѓу претседателите Александар Вучиќ и Владимир Путин.

Помошта се состои од 8 лекари,  и медицински персонал, како и помош во респиратори, медикаменти и други дезинфекциони средства.

Русија во која, во моментов се регистрирани 3500 инфицирани од Ковид -19 до сега упати помош во медицинска опрема во двете најпогодени држави во светот од панедмијата – Италија и во САД.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот