Русија го зголемува своето воено присуство во Африка

Русија иницираше распоредување на своите војници под знамето на „Африканскиот корпус“ во јужна Либија.

Пред само неколку дена, руски товарни авиони слетаа во Брак ал-Шати, истоварувајќи голем број војници, додека товарните бродови со опрема се закотвија во пристаништето Тобрук на источниот брег на Либија.

Опремата и вооружувањето на „Африканскиот корпус“ на руските вооружени сили, испорачани од десантните бродови Иван Грен и Александар Отраковски, вклучува лесни и тешки возила, како што се пикапи, камиони ГАЗ и КАМАЗ, како и ЗУ-23-2 анти- авионска артилерија.

Претходно, се појавија извештаи за распоредување на единиците на рускиот „африкански корпус“ во Буркина Фасо и Нигер.

Русија консолидира застрашувачко воено присуство во Африка засновано на платеници од групата Вагнер и планира да ја воспостави основната структура на „Африканскиот корпус“ до престојното летото, со операции кои се протегаат надвор од Либија до Буркина Фасо, Мали, Централноафриканската Република и Нигер.

Во моментов, во источна Либија, аналитичарите проценуваат дека руското присуство се движи од 1.000 до 1.500 војници, а воздушните бази како Ал-Џуфра ги олеснуваат руските воени летови пред да продолжат на југ кон другите нации.

Стратешката цел на Кремљ е да го зајакне своето влијание на африканскиот континент, каде што веќе контролира дел од рудници за дијаманти, резерви на нафта и вредни минерални наоѓалишта, користејќи воена сила за да ги обезбеди и прошири своите интереси во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот